17:19 - 10 ноември, 2026

Почина главниот уредник и соработник на Путин Владимир Сунгоркин – се задушил на службено патување

Главниот уредник на рускиот весник „Комсомолскаја правда“ близок на Кремљ Владимир Сунгоркин,, почина на 68 години додека бил на службен пат на далечниот исток на Русија.

На Сунгоркин ненадејно му се слошило и првичните информации велат дека најверојатно станува збор за мозочен удар.

– Тоа се случи апсолутно ненадејно. Немаше индикации дека тоа ќе се случи. Бевме во селото Рочино. Возевме, веќе бевме на пат кон Хабаровск, планиравме да пристигнеме навечер, а потоа да одиме во Москва. Сѐ беше добро. Владимир Николаевич рече: „Ајде, момци, да најдеме негде убаво место па да каснеме. Застанете, ручајте. Сите доброволно ја поддржаа оваа идеја – изјави заменикот на Сунгоркин, Леонид Захаров.

Тој сведочи дека три минути подоцна Сунгоркин почнал да се гуши.

– Го изнесовме на чист воздух, но веќе беше во несвест. Всушност, направивме некој вид… масажа на срцето, ЦПР, ништо не помогна. Докторот кој го направи првиот преглед рече дека сето тоа е бескорисно, се чини дека е мозочен удар. Но, ова е првичен заклучок – додаде тој.

Основан во 1925 година, „Комсомолскаја правда“ се опишува како омилениот весник на Владимир Путин. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека смртта на Сунгоркин е голема загуба за Русија.

Сунгоркин почнал да работи во весникот во 1976, а од 1997 беше негов главен уредник и генерален директор. Во 2014 го прими Орденот за заслуги за татковината и потоа беше прогласен за почесен новинар на Руската Федерација.

Во април, Сунгоркин се најде меѓу руските државјани за кои ЕУ воведе санкции како одговор на руската инвазија на Украина.

 

 

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....