03:51 - 20 февруари, 2026

Никол Ман стана првата американска домородка која отпатува во вселената

Првата американка домородка која патувала во вселената е астронаутката Никол Ман.

45-годишата Никол е член на четиричлениот екипаж кој отпатува до Меѓународната вселенска станица, а лансирањето на ракетата Фалкон 9 на SpaceX беше извршено од Флорида.

Во изјава за Би-Би-Си, таа пред патувањето рече дека се надева дека мисијата ќе ги инспирира идните генерации на домородните Американци да ги следат нивните соништа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NASA Artemis (@nasaartemis)

Таа е припадник на племето Ваилаки, а во текот на нејзината кариера има собрано огромно искуство летајќи со различни авиони на американските маринци. Добитничка е на шест медали, а била на мисии во Ирак и Авганистан. Инаку, таа ја завршила обуката за астронаути во 2015 година. Оттогаш, чека прилика да лета во вселената.

Таа исто така беше на списокот за патување во капсулата Starliner на Боинг. Сепак, дошло до доцнење одложувања, па НАСА ја префрлила во мисијата Crew 5.

Екипажот на мисијата Crew 5 барем привремено ќе го зголеми бројот на луѓе на ISS на 14.

Астронаутите Џон Касада, Коичи Вакта и руската космонаутка Ана Кикина отпатувале со неа до ISS.

Кикина е единствената жена меѓу руските астронаути. Нејзиното присуство претставува продолжување на договорот меѓу Русија и САД. Двете земји ветија дека ќе испратат екипажи во орбитата и покрај тензиите околу руската инвазија на Украина.

Членовите на Crew 5 ќе поминат шест месеци на ISS, додека Crew 4 се враќа дома на 12 октомври.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....