11:25 - 12 ноември, 2026

Маск објави „амнестија“ за забранетите профили на Твитер по анкетата: „Амнестијата ќе започне следната недела, гласот на народот е глас на бога“

Американскиот претприемач и сопственик на Твитер, Илон Маск, најави дека ќе ги врати блокираните сметки на социјалната мрежа откако мнозинството учесници во неговата анкетасе изјасниле за „амнестија“ на забранетите профили.

„Народот си кажа. Амнестијата ќе започне следната недела. Vox Populi, Vox Dei (гласот на народот е гласот на Бога)“, напиша тој.

Денес беше објавено и дека Твитер затвори една од европските канцеларии на социјалната мрежа, лоцирана во Брисел.

Највисокото раководство на белгиската канцеларија ја напуштило компанијата на почетокот на ноември за време на големите кратења. Други вработени ја напуштиле социјалната мрежа минатата недела, вклучително и шефовите на дигиталната политика за Твитер во Европа, Јулија Мозер и Дарио Ла Наса.

Токму отпуштените работници биле одговорни за почитување на правилата на ЕУ за дезинформации на социјалната мрежа. Во овој поглед, ЕУ стравува дека сега компанијата можеби нема доволно вработени за да ги почитува локалните закони за контрола и филтрирање на онлајн содржините.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....