-2.2 C
Скопје
20:52 - 22 декември, 2024

КРУЖНА ЕКОНОМИЈА: NoWasteMK е годинешниот проект на Модниот викенд Скопје

Под слоганот „Beyond the Fields”, се одржа 24. Моден викенд, кој годинава се пресели на локации надвор од Скопје. Кружна економија во модниот бизнис е акцентот кој годинава организаторката на Модниот викенд Скопје, Света Богова-Јовановска го стави во фокусот и им даде простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проект NoWasteMK.

– Со затворањето на изложбениот салон во Битола и модниот перформанс на проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип“, успешно беше означен крајот на тридневното издание на настанот, во чиј фокус беше бавната мода и циркуларната економија под слоганот „Beyond the Fields“.

фото: приватна архива

Преку шоу-рум, изложба, експериментална колекција и сет на разговори во Битола и Штип, со онлајн-вклучувања од Штип до Њујорк, NoWasteMK истражуваше и дискутираше на теми за одржливост, со цел да ги поттикне потребните промени кон поодржливо општество и индустрија, истакна Света Богова-Јовановска.

Првиот ден тема на дискусија беше поврзаноста помеѓу „slow food“ и „slow fashion“ и можностите за едукација на новите генерации за како сè можe да се вкрстат двата концепта за плодна иднина. Со „Слоу Фуд Македонија“, на автентична вечера, го промовираа светскиот тренд на соединување на здрава храна и мода, залагајќи се за одговорен однос кон планетата и животната средина.

фото: приватна архива

Визијата на NoWasteMK беше да обедини различни индустрии во Македонија со цел да создаде ефикасен проток на креативност во различни сектори. Своето видување на концептот го претставија преку храна и отворија можност сите заедно да ги пронајдеме точките што нѐ спојуваат, да ја истражиме поврзаноста меѓу земјоделството, храната и модата, погледнувајќи низ призмата на одржливоста, циркуларната економија и локалната култура.

За време на вечерата на гостите им беше поставено едно прашање: „Што би било она што би можеле да го направите во моментов, придонесувајќи кон одговорна мода?“ Некои од уникатните одговори беа искористени во креирањето на програмата на Моден викенд, како: „Промена на односот кон шопингот, инвестирање во сезонски парчиња облека и донирање облека“, додека други одговори беа „Зголемување на побарувачката за прилагодена одржлива облека“ како и „Рециклирање стара облека и намалување на потребата од купување нови модни парчиња“.

фото: приватна архива

Пред јавни личности и љубители на убавиот дизајн, своите колекции ги прикажаа, како познати имиња од домашната сцена, така и млади таленти за кои допрва ќе се слушне.

#NoWasteMК претставува фузија од физички и виртуелни активности, реализирани со грант од Circular Design Assembly, доделен од British Council со фасилитација од Ellen MacArthur Foundation и со поддршка од Британскиот совет во Македонија.

фото: приватна архива

Последниот ден беше посветен на eдукација за одржливоста, проследен со професионални излагања на темата од претставниците на „Fashion Revolution“ во Македонија.

– Одржливата иднина во модната индустрија бара информираност, свесност и отвореност кон одржливи практики. Неопходно е успорување на потрошувачката која има тренд на пораст низ годините. Заедно со „FairWear“ и „Utopiic“ доближивме голем дел од начините на такво делување и ги изнесовме нашите видувања за развивање на свеста во таа насока. Развивме дискусија која ни докажа дека потрошувачите се заинтересирани за тематиката и сакаат да придонесат со попаметни куповни навики, изјави Ана Јакимовска, координатор на Fashion Revolution Macedonia.

фото: приватна архива

Текстилната трговска асоцијација – Текстилен кластер, Македонското модно здружение предводено од дизајнерката Ирина Тошева, советничката за одржлив развој Шарлот Вандиерендонк и модната дизајнерка во подем Т*МИТРОВСКА со десетици врвни професионалци од креативната индустрија, презентираа успешни примери за системот на циркуларната економија во земјата и ги елаборираа предизвиците и можностите за нејзиниот развој.

На 3-ти октомври пред платото на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, како дел од активностите на Моден викенд под мотото #NoWasteMK беа промовирани дел од активностите на проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип“. Во првиот дел на настанот беа презентирани придобивките од проектот финансиран од Глобалниот еколошки фонд , каде збор зеде Златко Самарџиев, национален координатор на ГЕФ ПМГ во Македонија, како и координаторот на проектот проф. Игор Јорданов, основач на ИНО ТЕХ КЛУБ Штип. Во дебатата се приклучи и Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница и стави акцент на промоцијата на концептот на циркуларна економија и социјално претприемништво кое е во зародиш во нашата држава, а има огромен потенцијал за развојот на економијата.

фото: приватна архива

Во Штип има над 80 текстилни компании, овој пионерски чекор што го започнавме преку овој проект очекуваме да се развива, да се одржува и да се следи и од други чинители како пример на добра пракса, изјави Дијана Насева од УГД, асистент на проектот и модератор на настанот.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....