18:43 - 10 ноември, 2026

Ковид ја тресе Северна Кореја, вакцини нема, „епидемијата е голема катастрофа“

Во последните дваесет и четири часа има 21 жртва со симптоми на треска, пријавени се 174.000 нови случаи. Лидерот Ким Џонг Ун зборува за „голема катастрофа“, но е уверен дека земјата ќе ја надмине кризата.

Ковид пандемијата ја тресе Северна Кореја. Во последните 24 часа има 21 жртва со симптоми на треска, додека во моментов се лекуваат над 280.000 лица, а пријавени се 174.000 нови случаи. Ова го објави државната агенција која ја нагласи и загриженоста на лидерот Ким Џонг Ун.

„Епидемијата е голема катастрофа – рече Ким Џонг Ун – прецизирајќи сепак дека кризата може да се надмине, дури и искористувајќи го искуството на Кина во борбата во Ковид.

По пријавувањето на првиот потврден случај, во четвртокот, азиската земја – која се чини дека нема никаква вакцина против КОВИД – е во карантин.

Слични објави

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....