20.8 C
Скопје
13:35 - 22 октомври, 2026

КОИ СЕ НАВИСТИНА ТАЛИБАНЦИТЕ? Денес си играат со телефончиња, се возат на автомобичиња, си разменуваат видеа…

талибан

Тие се упорни борци, обучени од војни и војувања. Навикнати се на долги маршеви, спиеја во импровизирани ровови, јадеа малку и го ризикуваа својот живот во секое време против нивните непријатели кои често имаа многу пософистицирано оружје и опрема од нив. Обично се родени во екстремно верски семејства, во паштунскиот свет кој доаѓа од југоисточен Авганистан, но и во „племенските области“ на северен Пакистан и Кашмир.

Директните корени на Талибанците произлегуваат од џихадот (светата војна) против советската инвазија во 1980 -те.

Талибанците се поранешни ученици на исламските верски училишта кои датираат уште од 1970 -те години во конзервативниот Пакистан, финансирани главно од Саудиска Арабија и поврзани со традициите на сунитскиот вахабизам насочен кон барање на оригиналната чистина на исламот. Но, кои се Талибанците денес? Дали навистина се модернизираа, како што сметаат самите?

Нивниот стил денес е многу поразличен од оној од пред само 20 години.

„Погледнете само како се однесуваат пред камерите и фотоапаратите“, објаснуваат новинарите од италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“, – сите ние (новинарите) што бевме во Кабул во втората половина на 1990 -те, бевме запирани (а некои и уапсени) од нивните „морални патроли“, кои забрануваа било какво снимање или фотографирање на човечкото тело во име на ригорозното толкување на Куранот.. Фотографиите беа табу. Ама сега, веќе не е така. Нивните борци си играат со мобилни телефони разменувајќи видеа и слики’.

Понатаму, новинарот на „Кориере дела сера“ продолжува да објаснува -„На вчерашната прес -конференција тие беа среќни што ги снимаа, па дури и одговараа на новинарки пред камерите. Дали и ова е една тактика? Тешко е да се каже. Очигледно е новиот фокус насочен кон меѓународните односи. Во методите и стилот, изгледа дека Талибанците многу се промениле. Да е спротивно, би било чудно, со оглед на, меѓу другото, присуството на западната коалиција овозможи неверојатен раст на градовите и на главната инфраструктура. Кабул во 2000та беше куп урнатини. Денес, Кабул  е град со згради на странски компании, банки, трговски центри, хотели, продавници за компјутери“.

Слични објави

„Среќен роденден на небото, мамо“: Маја Вукичевиќ со емотивна посвета за починатата мајка

Еспресо

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.

Искуство од пациент во Клиника „Жан Митрев“: Приказна за сложени хируршки предизвици, стручност и посветеност

СП.

Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ од Бали: „Ова патување ми покажа дека сè за што трчам веќе ме чека дома“

Е.А.

(Фото) Хрватската актерка Миа Беговиќ се огласи по свадбата на нејзината внука Лана: „Ве прегрнувам со гордост, во име на Ена и мое“

Еспресо

(Фото) Откако тајно се венчаа по 12 години љубов, Реља откри дали Николија го земала неговото презиме

К.С.
Се вчитува....