17:29 - 10 ноември, 2026

Искрено „добредојде во клубот на пензионери“ од Серена Вилијамс за Федерер

Ти ракоплескам и се радувам на сè што ќе работиш во иднина. Добредојде во клубот на пензионери,  му порача Серена Вилијамс, eдна од најдобрите тенисерки во светот на својот колега Роџер Федерер.

– Нашите патишта секогаш беа многу слични. Инспириравте милиони и милиони луѓе, вклучувајќи ме и мене, напиша на својот Инстаграм профил 40-годишната американска тенисерка, која и самата заминува во пензија.

Претходно оваа недела Федерер објави дека по завршување на Лејвер купот, кој ќе се игра идната недела во Лондон, ќе стави крај на својата величествена кариера.

Неодамна на УС Опен својот последен натпревар во кариерата го одигра и Серена Вилијамс.

Серена Вилијамс и Федерер освоија 43 гренслем титули во поединечна конкуренција.

Федерер освои 20 гренд слем титули, а особено беше доминантен помеѓу 2003 и 2007 година, кога освои 10 мејџорси, вклучувајќи го и Вимблдон пет пати. Неговите најтешки ривали, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, неодамна го надминаа Федерер во трката за Грен слем титули – со 22 и 21, соодветно.

Федерер заработи над 1 милијарда долари во текот на неговата кариера – 130,6 милиони долари на теренот и над 870 милиони долари од него. Како што истакнува Форбс, тој е еден од шесте спортисти кои некогаш заработиле над 1 милијарда долари.

 

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....