13:20 - 4 април, 2026

(Фото) Уште една фантастична вечер во Штип со Тони Цетински, Куку Леле и Зоран Илиев

Вечерва забавата продолжува со Тони Цетински на кого ќе му претходат легендарните Куку Леле и нашиот Зоран Илиев. Присуството е задолжително, затоа што ветуваме уште една фантастична вечер!. Ова е поканата на штипскиот градоначалник Иван Јорданов на втората вечер од 14-то издание на манифестацијата „Штипска пастрмалијада“.

Градоначалникот Јорданов на Фејсбук објави фото галерија од синоќешната луда забава со групите ДНК, Џамбо Агушеви и хрватската ѕвезда Јелена Розга.

На манифестацијата присуствуваше и евроамбасадорот Дејвид Гир.

– Чувствувам големо задоволство што сум тука денес во Штип на „Пастрмајлијадата“. Ова е прекрасна македонска традиција и мислам дека ние во ЕУ ќе научиме нешто од ова и можеби и ние ќе имаме „Пастрмајлијада“ во Европската Унија , рече синоќа амбасадорот Гир.

На првиот ден од манифестацијата беше подготвена пастрмајлија долга 2 метра, широка еден метар. Овој штипски специјалитет бил испечен како едно парче во најголемата штипска фурна.

 

Градоначалникот Иван Јорданов и евроамбасадорот Дејвид Гир ја отворија „Штипската пастрмалијада“

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....