8.8 C
Скопје
09:35 - 11 март, 2026

(Фото) Фото-приказна од падините на планина Клепа: Поинакво искуство на дегустација на пчелни производи

Валентина и Тони со синовите Бубе и Коки ги отворија вратите од својот пчеларник за членовите и активистите на „Здржението на лица со церебрална парализа и други попречености“ од Велес. Радоста беше взаемна и голема.

Пчеларник „Дукови“, кој се наоѓа на падините на планината Клепа, во село Подлес, на 650 метри надморска височина, веднаш до Подлешкото Езеро, минатиот викенд беше домаќин на членовите и активистите на „Здржението на лица со церебрална парализа и други попречености“ од Велес.

– Ова е поинакво и многу убаво искуство за нашите членови, излет во природа кај гостопримливите домаќини, семејството Дукови, Валентина и Тони со своите синови Бубе и Коки. Пробавме природно чајче од мајчина душица, маточина, ливадски чај и други лековити билки засладени со преубавиот мед на Дукови – рече во оваа пригода Далиборка Златева, претседателка на Здружението.

Идејата за ваквото дружење била на младите Бубе и Коки, додека Валентина и Далиборка се потрудиле околу организацијата на настанот.

– Чекавме да биде убаво времето за да можеме сите да го искористиме сонцето и чистиот воздух, заедно со овие пекрасни лица кои имаат потреба од помош и голема подршка од нас возрасните. Поминавме убав ден, ги запознавме за важноста на пчелата и пчелните производи за нашето здравје, каква е улогата на пчеларот, им раскажавме кои лековити билки ги има во медот и во околината на нашиот пчеларник. Ова е мал гест на грижа и внимание со кој се надеваме ќе испратиме порака до јавноста и другите да преземат слични активности за овие лица, да ја покажат својата општествена одговорност кон најранливите категории граѓани – истакна Валентина Дукова, сопственичка на пчеларникот.

По дегустацијата на пчелни производи, следуваше прошетка до Подлешкото Езеро и до селото Подлес.

rbt

Слични објави

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо
Се вчитува....