37.8 C
Скопје
16:05 - 11 септември, 2026

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Состојки:

1,5 килограми поситни парчиња црвен кромид
2 литри алкохолен оцет
1 литар вода
4 лимони
3 лажици шеќер
4 лажици сол
2 кесички бибер во зрно

Подготовка:
Во поголем сад ставете го исчистениот кромид, прелијте го со половина од оцетот, додајте му сол и поклопете го, па оставете го да отстои еден ден.
Следниот ден, заедно со течноста во која отстоил кромидот, ставете го на оган да се вари 3-4 минути од моментот кога ќе зоврие.
Тргнете го од оган и оставете го да се олади. За тоа време помешајте го останатиот оцет со водата, сокот од лимон и шеќерот, па сето тоа кратко зовријте го и потоа оладете го.
Изладениот кромид наредете го во теглички, разлистан на прстени, додајте го биберот и прелијте со разблажениот оцет.
Затворете ги теглите и одложете ги на ладно место.

Слични објави

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.
Се вчитува....