14:05 - 10 ноември, 2026

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

Каролина Гочева сподели емотивна приказна за Владо Јаневски, кој беше нејзин близок пријател.

Таа објави дел од атмосферата од концертот на светската диџеј-ѕвезда Дејвид Гета на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со кој беше заокружена прославата на 35 години независност на Македонија.

Каролина објави видео од моментот пред настапот на Гета, кога од разгласот се слуша хитот „Црно тиквешко“ на Владо Јаневски. Публиката на исполнетиот стадион ја пееше песната во еден глас, а илјадници вклучени светла од мобилните телефони создадоа „ѕвездено небо“ на трибините и на теренот во чест на Владо.

Гочева на видеото стави црвено срце и бел гулаб.

Пред излегувањето на Гета, публиката ја загреваа македонските диџеи Никифор и „Семпре“, колектив составен од Деловски, Инвиктоз, Флоузи и Блу. Музичката програма започна околу 20 часот, а во нивните сетови беа вклучени и ремикси на познати македонски поп-хитови.

Гета се појави на сцената околу 23 часот со своето „The Monolith Stadium Show“, проследено со ласери, пиротехника, светлосни и визуелни ефекти.

Владо Јаневски почина на 28 јуни годинава, на 65-годишна возраст, по кратко боледување. Неговата смрт предизвика бројни емотивни реакции од колегите и публиката, а меѓу оние кои се простија од него беше и Каролина Гочева.

„Владе мој. Збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш нема да заборавам…“, напиша тогаш Каролина, споделувајќи ја песната „Не заборавај да се сетиш на мене“.

Каролина и Владо беа долгогодишни пријатели и колеги, а за нивната блискост своевремено зборуваше и самиот Јаневски. Тој рече дека Каролина и Калиопи му биле „посебна слабост“ на македонската естрада и дека секогаш бил тука за нив.

Во интервју за „Слободен печат“, Јаневски раскажа и дека токму Каролина еднаш му посочила дека дури и неговите брзи и ритмични песни имаат тажни текстови. Тој се согласил со нејзината забелешка и рекол дека своите љубовни искуства ги претвора во материјал за песни.

 

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....