2.8 C
Скопје
16:57 - 22 декември, 2024

ТУРСКА МЛЕЧНА ПИТА: Необичен, но превкусен десерт (РЕЦЕПТ)

Подгответе ја оваа пита без да трошите многу време и пари. Кога еднаш ќе ја пробате, постојано ќе ја имате на вашата трпеза.

Потребни состојки:

10 кори за пита
70 гр путер

За прелив:

800 мл свежо млеко
100 гр кафеав шеќер
100 гр бел шеќер
Ванилин шеќер
4 јајца

За крем:

500 мл свежо млеко
4 лажици брашно
3 лажици шеќер
Еден ванилин шеќер
Малку путер
2 јајца

Подготовка:

Најпрво направете го кремот. Во тенџере ставете 400 мл млеко и шеќерот. Почекајте да се растопи шеќерот. Млекото не треба да врие. Во друг сад изматете ги јајцата, потоа додадете ги брашното, ванилата и преостанатите 100 мл млеко. Сипете ја оваа смеса во топлото млеко. Мешајте додека да се соедини и вратете на шпорет да се свари кремот. Додадете го путерот и мешајте. Префрлете го кремот во порцелански сад и покријте со фолија, за да не се направи кора на површината. Оставете целосно да се излади.

Растопете 70 гр путер. Плехот за печење подмачкајте го, па ставете две кори. Попрскајте со путерот. Потоа, земете кора и намачкајте со кремот. Згужвајте ја како хармоника и ставете ја врз двете кори. Продолжете ја постапката додека да завршат корите. Печете на 170 степени, додека питата да зацрвени. Оставете ја да се излади.

Направете го преливот од дадените состојки, прелијте ја питата и вратете да се пече на 180 степени, додека да биде готова.

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....