14.8 C
Скопје
02:26 - 2 мај, 2024

Совети за подготвување слатка зимница: Дали да ги стерилизирате теглите и какво овошје да изберете

За да се зачува сезонското овошје во текот на целата година, домаќинките одамна подготвувале разни видови џемови, мармалади, желеа. Така, приготвувањето слатка зимска во домашни услови стана традиција што се пренесува од генерација на генерација.

Подготовка на теглите
Ако ги полните теглите со зовриената содржина, доволно е да ги измиете пред да ги наполните. Во другите случаи, тие треба да се стерилизираат пред полнењето. Измијте ги теглите и ставете ги во голем сад. Наполнете го садот со вода и оставете да врие околу пет минути. Тргнете го садот со теглите од шпоретот и оставете ги теглите во водата сè до нивната употреба. Оставете ги да се исцедат пред да ги полните.

Овошјето треба да биде зрело и здраво
Сите состојки што ги користите за приготвувањето на слатката зимница мора да бидат целосно свежи. Овошјето мора да биде зрело, но никако презреано или овенато. Овошјето треба добро да се измие, а оние плодови што се чувствителни, како малините, треба внимателно да се изберат.

Проверка на капачињата
Проверете ја непропустливоста на капакот така што теглата ќе ја наполните со врела вода, цврсто ќе ја затворите и ќе ја превртите. Ако водата од никаде не тече, тоа значи дека капакот одлично е зацврстен.

Лимон за подобро желе
Пред приготвувањето на слатката зимница, додајте неколку капки сок од лимон во овошната смеса, бидејќи ова ја збогатува свежата арома и потпомага мармаладот да биде со фина густина и мазен, налик на желе. Додавајте го сокот од лимон постепено за да не претерате.

Шеќер за поголема густина
Приготвувањето на мармаладот може да се забрза со додавање средства за желирање, бидејќи варењето би траело долго. Шеќерот за желирање е дополнет со средство за желирање, а тоа го скратува времето за готвење, а притоа на џемовите, мармаладите и овошните желеа им дава поцелосен овошен вкус. Шеќерот за желирање може да се набави во сооднос 1:1, 2:1, па дури и 3:1. Во последниот, на 1 дел од шеќерот за желирање одат 3 дела овошје.

Проверка на густината
За да бидете сигурни дали џемовите и желеата доволно се свариле, на ладна чинија ставете лажичка од овошната смеса. Ако се стегне, варењето е завршено. Ако смесата е ретка, продолжете со варењето.

Повеќе овошје, а помалку калории
Јаболковиот пектин се добива од незрели јаболка и е поволен како средство за желирање за сите што сакаат да користат помали количини шеќер при приготвувањето на мармаладите и џемовите. Достапен е во течна форма и како прав.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....