19:10 - 11 ноември, 2026

Дел од проблемот со дебелеењето се должи на ДНК на човекот

Науката со години тврди дека вишокот килограми не е предизвикан само од недостаток на дисциплина и прејадување. Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон открија десетици делови од човечката ДНК кои влијаат на метаболизмот, што игра клучна улога во губењето килограми.

Ова е втора студија што укажува на истиот овој заклучок. Во истражувањето учествувале 9.000 доброволци кои дале примерок од крв. Познато е дека вишокот килограми ја зголемува опасноста од неколку состојби, вклучувајќи рак, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Зајакнувањето на човековиот метаболизам преку поактивен животен стил се смета за клучен метод за губење на тежината.
Д-р Масимо Мањино, генетичар вклучен во истражувањето, смета дека резултатите од студијата би можеле да помогнат во „свртување на процесот“ околу вишокот килограми.

– Дебелината е една од најчестите (несакани здравствени) состојби, а сепак, допрва треба да дознаеме многу повеќе за нејзините биолошки механизми. Нашите најнови наоди може да помогнат да се разоткријат некои од нив. Генетските студии ветуваат изнаоѓање нови третмани за дебелината. Со анализа на сложените односи меѓу различните гени, имаме одлична можност да ја свртиме насоката во борбата против оваа состојба! – истакнал д-р Мањино.

Според стручните лица, ова откритие би можело да го промени гледиштето на проблемот, овозможувајќи на тој начин да се осмислат планови за исхрана прилагодени на нечии гени.

Слични објави

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо
Се вчитува....