00:30 - 7 април, 2026

Селско грне: Гурманско уживање за целото семејство

Ви препорачуваме да подгответе еден специјалитет во кој ќе ужива целото семејство. Вкусно селско грне кое доколку еднаш го подготвите ќе стане ваш редовен неделен ручек.

Состојки:

– по 100 г пилешко, јунешко и свинско месо
– 10тина мали ќофтенца од мелено месо
– 100 г свежи шампињони
– 200 мл еспањол сос
– 50 г кашкавал
– масло
– магдонос, сол и црн пипер

Подготовка:

Сите видови месо исечкајте ги на коцки, зачинете ги со сол и црн пипер, па заедно со ќофтињата ставете ги на плотна за скара или грил тава и печете ги кратко. Исто и печурките испечете ги кратко на скара или на грил тава. Потоа сите состојки наредете ги во глинено грне.

Полејте со еспањол сосот (направен од супа во која се варел зеленчук со месо, згуснат со запршка од путер и брашно) по вкус зачинете со сол и црн пипер, па посипете со рендан кашкавал и сечкан магдонос. Поклопете го грнето со капак, па затворете го со готово тесто од вода и брашно. Вака спременото грне ставете го во рерна да се пече 20-30 минути. Послужете го веднаш.

Слични објави

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....