10:00 - 7 април, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ МРЗЛИВА ПИТА: За мрзливи и студени денови

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи брза, лесна и вкусна пита, која може да ја спремите за цели 15 минути.

мартина трајаноска
Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 70 мл јогурт
  • 70 мл вода
  • 50 мл масло
  • 1/2 пециво
  • 300 гр брашно
  • сирење, праз, сувомеснато

Постапка:

Во еден сад измешајте ги прво течните, па додадете ги сувите состојки. Додадете додатоци по желба, јас ставив праз и крем сирење. Префрлете ја смесата во плех со хартија за печење. Јас врз питата ставив и микс семки и сусам, а вие можете по избор. Печете ја питата во претходно загреана рерна на 200-220 С. Ќе знаете дека е готова кога ќе буцнете со чачкалица и чачкалицата ќе излезе сува. Оставете ја кратко да се излади, па исечете ја и послужете ја.

СОВЕТ: Наместо само бело брашно, може да ставите и пола интегрално или пченкарно.

На здравје!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Слични објави

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....