08:46 - 7 април, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИ: Совршен оброк за овој четврток

Мартина Трајаноска.

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Мартина Трајаноска.
Фото: Приватна архива

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни носи превкусен рецепт за американски палачинки.

Палачинките се секогаш добредојдени во сите варијанти, а денес специјално со вас Мартина го сподели основниот рецепт за американските палачинки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 1 пециво
  • 1 шолја млеко
  • 1ипол шолја брашно
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици шеќер

Подготовка:

Доста едноставен рецепт и секогаш успешен. Измешајте ги течните со сувите состојки во густа смеса и постепено налевајте од смесата во загреана тава на средна (по слаба) температура. Со помош на лажица или кутлача може да ги оформите поубаво, а тавата не треба да има масло на неа. Може да ја поминете само со намрсена салфетка. Печете ги по неколку минути од двете страни и тоа е тоа. Додатоците се секогаш тоа што ги прави палачинките поубави, па изберете си ги вашите омилени. Наместо бело може да ставите интегрално брашно.

Мартина вели дека ги прави по една палачинка во мала тавичка, а во голема тава може да правите и по 3 наеднаш. Спремна е за превртување кога ќе се појават мнооогу дупчиња на површината.

 

Слични објави

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо
Се вчитува....