11:16 - 31 март, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Тестенини со сардина во сос од домати – Посен, лесен и превкусен рецепт со кој ќе ги потрошите залихите

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Теа денес ни подготви тестенини со риба сардина во сос од домати, рецепт кој што секогаш ќе ја потсетува на нејзиното детство.

„Во време на пост беше еден од рецептите кои мајка ми мораше да ни го подготви“.

Потребни состојки:

  • 250 гр. шпагети
  • 2 конзерви сардина
  •  300 гр. маринирани печурки
  •  250 мл. доматен сос
  •  1 главица кромид
  •  2-3 чешниња лук
  •  масло за јадење
  •  сол и црн бибер

Подготовка:

Во зовриена вода ставете сол и малку масло и ставете ги шпагетите да се варат. Во меѓувреме почнете со подготовка на сосот. Исецкајте ги кромидот и лукот и ставете ги да се пржат. По 2 до 3 минути пржење додадете ги сардините и пржете уште 2 до 3 минути. Потоа додадете ги печурките, доматниот сос и зачинете. Гответе уште 5 минути и на крај додадете ги сварените шпагети. По желба можете и да додадете ситно исецкан свеж магдонос.

На здравје и уживајте!

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Лазања – Уживајте во прекрасните вкусови на Италија

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....