18.1 C
Скопје
06:03 - 7 јуни, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Шведски ќофтиња – за да ве радува топол оброк на тмурен ден

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Теа ни ги подготви добро познатите шведски ќофтиња со пилешко месо, но доколку сакате можете да ги направите и од јунешко или свинско мелено месо.

Потребни состојки:

За ќофтињата:

▪️ 500 гр. пилешки стек
▪️ 50 гр. путер
▪️ 3-4 лажици лебни трошки
▪️ 1 лажица млеко
▪️ 1 јајце
▪️ 1 главица кромид
▪️ 2-3 чешниња лук
▪️ свеж магдонос
▪️ пилешка или говедска супа (коцка)
▪️ 500 мл. вода
▪️ брашно
▪️ кисела павлака
▪️ џем од дива брусница или сува брусница

За пире:

▪️ 4-5 поголеми компири
▪️ 50-100 мл. млеко
▪️ 50гр. путер
▪️ сол и црн бибер
▪️ мешан сув зачин
▪️ масло за јадење

Метод:

◾ Пилешкиот стек ставете го во блендер или сецко и ситно исецкајте го. Префрлете го во подлабок сад, а во сецкото исецкајте ги кромидот, лукот и магдоносот и потоа додадете ги во месото. Додадете ги јајцето, лебните трошки, млекото, зачинете со сол, мешан сув зеленчук и бибер и убаво измешајте. Од оваа смеса оформете 12 топчиња и испржете ги на загреано масло. Откако ќе ги испржите ставете ги на сафетка да се упие мрснотијата.
◾ Водата ставете ја во тенџере да се загрева. Кога ќе почне да врие ставете ја коцката супа и оставете ја 2-3 мин да поврие на тивок оган, а потоа тргнете ја на страна.
◾ Во друго тенџере ставете ги компирите излупени и исецкани на коцки да се варат. Откако ќе се сварат процедете ги, изгмечете ги и во нив додадете млеко, путер, мешан сув зеленчук, сол и убаво промешајте.
◾ Во тавче на оган ставете масло да се загрева. Во маслото ставете 1 лажица брашно, пржете 2-3 мин со постојано мешање и потоа постепено додавајте ја супата. Оставете го сосот убаво да се згусне и на крај ставете ја павлаката. Зачинете и додадете ги ќофтињата.
◾ Послужете ги ќофтињата во комбинација со пире и џем од брусница или сува брусница.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Вкусете го најубавото француско традиционално јадење – рататуј!

Слични објави

Јована Јеремиќ објави шокантни фотографии – еве што се случува во нејзиниот дом, сѐ е уништено 

E.A.

(Фото) Марија и Бојан од „Ај кју“ прават свадба на Халкидики, Сара Мејс објави први детали

Еспресо

(Видео) Северина во штикли заигра кошарка – погледнете како се загреваше пред концертот во Макарска

Т.Ц.

„Ниту една филмска љубов не може да се мери со нашата“: Мишел Фајфер му упати нежни зборови на сопругот

Т.Ц.

Уникатен изглед, квалитетна изработка и пристапни цени – одберете си совршени клуб и трпезариски маси од Wood Room

Еспресо

Скриената моќ на 6. 6. 2026: Што ни носи денешниот ден со тројна енергија на бројот шест?

Т.Ц.
Се вчитува....