11.8 C
Скопје
00:54 - 3 мај, 2024

ПОБОГАТА ОД КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА: На Кирсти Бетарели ѝ се посреќи по разводот

Кирсти Бертарели

Пејачката, текстописец и поранешна Мис на Обединетото Кралство, Кирсти Бертарели стана најбогатата разведена жена во Обединетото Кралство и стана побогата од кралицата Елизабета Втора, пренесува „Дејли Мејл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kirsty Bertarelli (@kirstybertarelli)

„Ернесто и Кирсти Бертарели за жал потврдуваат дека се разведени. Тие ја донесоа оваа одлука заедно и се разделија, остануваат во добри односи“, истакна нивниот портпарол.

Кирсти, во 1988 година стана Мис на Обединетото Кралство и истата година беше втора вицешампионка на изборот за Мис на светот. Подоцна разви успешна кариера како поп-пејачка и текстописец, а својот иден сопруг го запознала во 1997 година на вечера во Сардинија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kirsty Bertarelli (@kirstybertarelli)

Богатството на Бертарели претходно оваа година беше проценето на неверојатни 9,2 милијарди фунти. Се проценува дека пејачката од разводот добила 350 милиони фунти.

„Договорот во врска со поделбата на богатството беше повеликодушен отколку што требаше да биде. Тие не сакаа да одложуваат, а Ернесто сакаше да ја признае должината на нивниот брак“, рекол пријател на парот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kirsty Bertarelli (@kirstybertarelli)

Покрај тоа, Кирсти Бертарели добила модерна куќа покрај женевското Езеро во Швајцарија, која била купена оваа година за 52 милиони фунти и поседува куќа во швајцарскиот скијачки центар Гштад, која вреди 8 милиони фунти.

Така, со 410 милиони фунти, Кирсти Бертарели стана побогата од самата кралица Елизабета Втора, чие лично богатство се проценува на 365 милиони фунти.

кралица елизабета
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Пејачката ја претставуваше адвокатката Фиона Шеклтон, која исто така беше избрана за адвокат за разводите и на принцот Чарлс и на Пол Макартни.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....