14.8 C
Скопје
17:20 - 29 октомври, 2026

(РЕЦЕПТ) Чоколадна торта со вишни

Состојки:
За пандишпан:
5 белки
200 грама шеќер
1 лажица алкохолен оцет
2 лажици какао
За прелив:
5 жолчки
300 грама шеќер во прав
100 грама чоколадо за готвење
1 маргарин
2 цели јајца
500 грама исчистени вишни

Подготовка:
Поред да почнете со подготовка на десертот, вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Белките заедно со шеќерот, какаото и со оцетот убаво изматете ги. Оцетот се додава за да станат белките многу цврсти.
Добиената смеса истурете ја во тава за печење, која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.
Кората печете ја неколку минути додека добие цврстина и убава боја.
Шесте жолчки изматете ги со 200 грама шеќер во прав, а потоа ставете ги во метален сад и варете ги на пареа. Потоа додајте го во нив и чоколадото. Откако ќе се стопи и чоколадото, оставете ја смесата да се олади.
Во оладената смеса од жолчки и чоколадо додајте го маргаринот што претходно сте го растопиле и двете цели јајца. Смесата убаво изматете ја, а потоа додајте ги и вишните.
Пандишпанот што веќе е изладен, пресечете го на два дела. Ставете го првиот дел од пандишпанот на сад за декорирање, а врз него истурете го филот. Одозгора ставете ја и втората половина од тестото. На крај декорирајте со чоколадо и со вишни.

Слични објави

Варена или печена пченка? Три начини да ја подготвите дома за да биде сочна и вкусна

К.С.

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Есенски појадок за 10 минути — кремаста овесна каша со јаболка, мед и цимет

К.С.

Недела е за нешто слатко — рецепт за францускиот колач „Наполеон“ со крцкави кори и нежен крем од ванила

К.С.

Салата од моркови со лук и јогурт – кремаста, освежителна и готова за 10 минути

К.С.
Се вчитува....