13:50 - 1 април, 2026

Превкусна зимница: рецепт за лутеница со модар патлиџан

Подгответе ја највкусната зимница според вашиот вкус и избор, но сепак, не заборавајќи на лутеницата со модар патлиџан.

Од намирници потребни се:

2 кг црвени пиперки,

2 кг модар патлиџан,

5 лути феферончиња,

250 мл сончогледово масло,

10 чешниња лукче,

50 грама шеќер, 1

50 мл јаболков оцет, сол (по желба).

Подготовка:

Модрите патлиџани излупете ги и оставете ги во врела вода, исцедете ги и оставете да се сушат.

Пиперките и лутите феферони добро измијте ги и избришете ги. Печете ги со повремено вртење во рерна на 200 степени. Кога ќе се испечат, ставете ги во стаклен сад и прекријте ги со крпа.

Во сад со половина од количината масло додадете ги модрите домати и мешајте додека не омекнат. Пиперките излупете ги и исечкајте ги. И нив додадете ги. Потоа, додадете ги шеќерот, оцетот, лукот, солта и остатокот од маслото и продолжете да мешате кратко.

Откако смесата ќе се излади, претурете ја во чисти тегли.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....