28.8 C
Скопје
09:08 - 22 август, 2026

Подзаборавен народен лек: Направете си карамелизиран шеќер со маргарин и млеко

Карамелизираниот шеќер на кој ќе му додадете малку маргарин и млеко е напиток од нашето детство, со кој се лекуваа сите деца кога родителите ќе забележеа дека се појавуваат првите симптоми на настинка. Сепак, овој народен лек, од година во година, сѐ помалку се користи, бидејќи во него се содржани состојки какви што е маргаринот и шеќерот, кои пак според нутриционистите, не се препорачливи.

Сепак, доколку сте од оние на кои ваквите состојки не им претставуваат никаков проблем да им ги даваат на децата кога ќе почувствуваат први симптоми на грип, добро е да знаете дека освен традиционалниот начин на подготовка, постојат и уште два други начини за да го направите овој народен лек.

1. Шеќер, млеко и маргарин

Овој начин на подготовка воедно е и најчест. За да го подготвите, треба да имате шеќер, млеко и маргарин. За да го направите, во сад ставете го шеќерот и оставете го да се карамелизира. Кога ќе зоврие шеќерот, внимателно додајте му млеко и мешајте додека не се растопи. Потоа додајте малку маргарин (а многумина додаваат и свинска маст) и почекајте да се растопи. Потоа, напитокот истурете го во часа и веќе може да се пие.

2. Млеко, маргарин и мед
Загрејте го млекото до точка на вриење а потоа во него додајте го маргаринот. Кога маргаринот ќе се стопи, тргнете го настрана и мешајте уште неколку минути. Потоа додајте го медот и ставете го напитокот во чаша.

3. Шеќер, млеко и жалфија
За да го подготвите овој народен лек, во тенџере на оган ставете го шеќерот. Карамелизирајте го, а потоа во него додајте млеко. Мешајте сѐ додека шеќерот не сте стопи. Добиената течност тргнете ја од оган и во неа додајте неколку ливчиња жалфија. Откако ќе се олади, процедете ја и пијте ја во мали голтки.

Слични објави

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

Сите очи вперени кон Сонцето: При затемнувањето птиците престануваат да пеат, животните се однесуваат чудно

Еспресо

Лавандата лесно се одгледува, а со еден едноставен трик ќе цвета цело лето

Т.Ц.

Четири освежителни салати од краставици и мал трик што го менува вкусот

Т.Ц.

(Фото) Пет европски бисери што вреди да ги посетите пред да станат прескапи и преполни со туристи

Еспресо
Се вчитува....