17:13 - 1 април, 2026

Пилешко со прелив од мед и лимон, подготовката е брза

Вкусно јадење кое се подготвува за помалку од половина час.

Од намирници потребни се

4 пилешки стека,

2 лажици путер (солен),

3 лажици мед,

сол,

мелен пипер,

1 лимон,

1 лажица рузмарин,

2 лажици сечкан магдонос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chennai guzzler (@chennai_guzzler)

Подготовка

Ставете пилешки стек помеѓу две пластични фолии, па истенчете го со чекан за месо. Повторете го истото со останатите стекови.

Во мал сад стопете го путерот со медот на средна температура. Мешајте додека не добиете компактна смеса.

Пилешкото посолете го, зачинете го со мелената пиперка, потоа прелијте го со смесата од путер и мед и врз него ставете по две три кришки лимон. Печете го во грил тава.

На крајот прелијте ги пилешките стекови со сокот од дното на тавата неколку пати. Прд сервирање зачинете ги со рузмарин и магдонос и украсете ги со кришки лимон.

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....