7.8 C
Скопје
09:24 - 31 март, 2026

Палачинки од античка Грција, без јајца и млеко

СОСТОЈКИ:
100 гр меко брашно
8 лажици мед
1 лажица сусам
1 лажица маслиново масло
200 мл вода

ПОДГОТОВКА:
Брашното ставете го во сад, постепено додавајте вода и со дрвена лажица мешајте за да не се направат грутки. Постепено додадете 4 лажици мед.

Во загреано тавче ставете ги семките од сусамот и пржете ги да добиете убава жолтеникава боја. Ставете ги во сад.

Во истата тава ставете една четвртина од смесата да се обликува како палачинка.

Печете ја палачинката од двете страни додека не пожолте.

Повторувајте ја постапката додека не ја потрошите целата смеса (вкупно 4 палачинки).

Печените палачинки премачкајте ги со преостанатиот мед, посипете ги со сусам и послужете.

Слични објави

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо
Се вчитува....