3.8 C
Скопје
00:57 - 21 декември, 2024

Не ви испадна тортата како што треба? Неколку совети за да станете поуспешни пекари

пекар

Со овие совети од професионален пекар ќе станете многу поумешни во работата во кујна.

1. Прочитајте го рецептот убаво

Ова може да изгледа очигледно, но 9 пати од 10, причината што јадењето тргнува наопаку е тоа што готвачот не го прочитал целосно рецептот пред да започне. Дали ви требаат јајца или путер на собна температура? Мали фактори како овој можат да бидат пресудни за рецептот. Однапред мерење на состојките пред да дојде моментот да се искористат, ќе ви обезбеди правилно извршување. Значи, пред да започнете, прочитајте го рецептот во целост – може да наидете на некои изненадувања.

2. Останете организирани

Францускиот термин „mise en place“ се преведува на „сè на свое место“, и ова е апсолутно правило во кујната. Во пракса, тоа значи мерење и подготовка на сите состојки пред да започнете со рецептот. Комбинирањето на сувите состојки, кршење на јајцата и топење на путерот однапред ви овозможува да визуелизирате точно кога и како ќе го вклучите секој елемент во процесот (исто така гарантира дека нема да заборавите ништо).

3. Облечете се соодветно

Ако сакате да се чувствувате како вистински готвач, облечете се така. Носењето на чевли со затворени прсти кои не се лизгаат е најбезбедниот начин да навигирате на потенцијално лизгави подови во кујната. Носењето на престилка не само што ќе ја спаси вашата облека од прскање и флеки, туку може да биде и моден детал. Престилките може да бидат и функционални и модерни.

4. Земете ги предвид условите

Без разлика дали го сфаќате или не, времето може да има големо влијание врз вашата храна. Не само што вашиот регион и климата одредуваат каква храна може да расте локално, туку нешто толку едноставно како дождот може да биде пресудно за вашето јадење особено при печењето.

5. Одржувајте хигиена

Лекцијата број еден е да чистите додека работите. Одржувањето на чиста работна станица е од клучно значење за да останете организирани и да избегнете зараза. Мијте ги садовите како што ги вилкате и нема да останете со страшниот, висок куп чинии во мијалникот на крајот од процесот.

извор: „Southern Living“

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....