7.8 C
Скопје
19:29 - 1 април, 2026

Морате да го пробате – Направете си за денес превкусен тарт со спанаќ

Израдувајте ги домашните денес со овој превкусен тарт со спанаќ, верувајте, морате да го пробате…

Состојки:

За тесто:

150 милилитри масло за јадење

5 лажици вода

малку сол и шеќер

300 грама брашно

За фил:

3 јајца

500 грама спанаќ

1 лажица масло

200 грама сирење

ким или сусам

Подготовка:

Измешејте ги во два посебни сада, течните и сувите состојки. Потоа, сите течни состојки загрејте ги на оган а потоа започнете да ги додавате и сувите состојки мешајќи цело време со голема брзина за да не дозволите во тестото да ви се формираат топчиња. Уште додека е топло вака подготвеното тесто, ставете го во соодветен сад за подготовка на тарт и оставете го да се пече во претходно загреана рерна на температура од 200 степени целзиусови околу 10 минути.

Додека тестото се пече, на тивок оган запржете го спанаќот со маслото, додадете ги јајцата и кимот или пак сусамот, промешајте и тргнете од оган. Полупеченото тесто наполнете го со овој фил, декорирајте по желба и вратете го тартот во рерна за да се допече.

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....