7.8 C
Скопје
20:06 - 11 март, 2026

Кажи ми какво вино пиеш, ќе ти кажам каков ти е карактерот

Афинитетот кон одреден вид на вино многу зборува за вашиот карактер, тврдат француските истражувања за алкохолниот пијалок кој го конзумираме од шестиот милениум пред нашата ера!

Црвено вино

Ако најчесто одбирате црвено вино, од тоа може да се заклучи дека сте многу амбициозни, кариеристи, веројатно дека добро заработувате, но и уште многу нешта. Имено, дури над половина од љубителите на црвено вино завршиле факултет, 81 отсто се задоволни со работното место, а 65 отсто и понатаму се многу амбициозни и сакаат да напредуваат во кариерата. Четвртина од оние кои уживаат во црвено вино најмалку три пати во годината патуваат во странство. Кога се опишуваат себе, најчесто одговараат дека се самоуверени, релаксирани, силни и интелигентни. Виртуалните пријателства не им се силна страна, повеќе сакаат да уживаат очи во очи.

Бело вино

Ако ви се омилени белите вина тоа значи дека сте ведри, опуштени, практични, задоволни со својот живот, дека ја сакате домашната атмосфера, но и дека заработувате помалку од љубителите на црвено вино. Од оние кои пијат бело вино само 43 отсто имаат факултетско образование, а поголем дел не се посебно заинтересирани за успех во кариерата. Две петини од испитаниците дури и признале дека не се ни амбициозни. Одморот го минуваат најчесто во својата земја, а малку од нив имаат желба да посетат егзотични дестинации. Себе се опишуваат како практични, паметни, срамежливи, тивки… Кога станува збор за емотивниот живот, дури 85 отсто се изјасниле дека се најзадоволни кога се сингл.

Розе

Повеќето од половина од лицата кои се изјасниле како љубители на розе виното останале на средношколската диплома. За нив се верува дека се гласни, топли и харизматилни. Ги обожаваат социјалните мрежи, всушност, од нив, честопати се зависни. Истовремено се и контраст и рефлексија на љубителите на бело или црвено вино. Автентични, но комплицирани. Неретко ќе гледаат во екранот на телефонот додека сте заедно.

 

Што мислите вие: Ја има ли виното моќта да не „открие“?

Слични објави

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

Три рецепти за освежувачки колач со лимон – одберете си го омилениот

Еспресо

Садење медитерански билки: Што им е потребно на лавандата, жалфијата, рузмаринот и ловорот?

Еспресо

Донесете пролетни вкусови на трпезата со печурки полнети со спанаќ и сирење

Еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо
Се вчитува....