13.8 C
Скопје
15:38 - 28 октомври, 2026

Рецепт за домашни бонбони и лижавчиња

Овие бонбони ја решаваат болката во грлото и ја олеснуваат кашлицата. Ги правеле нашите мајки и баби, а со овој малку изменет рецепт, готов за 15 минути, може побрзо да оздравите.

Потребни состојки: 150 гр шеќер, 1 лажичка цимет, 1 лажичка куркума, половина лимон (исцедете), неколку каранфилчиња (рендани), половина лажичка ѓумбир (рендан), 1 лажица мед, малку шеќер во прав
Подготовка: Во тенџере на умерен оган ставете ги сите состојки освен медот и оставете да се стопат со постојано мешање. Гответе десет минути, тргнете го тенџерето од оган и измешајте го медот. Ако се згусне (поради температурата на медот), вратете го кратко на рингла. Направете мали бонбони на хартија за печење со помош на лажица. Оставете 15 минути да се стегнат, посипете со шеќер во прав (за да не се залепат), доволно е една кафена лажичка. Промешајте. Да се чуваат во кутија или тегла. Можат да стојат долго време.

Слични објави

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.
Се вчитува....