21.8 C
Скопје
12:26 - 8 октомври, 2026

Брод со мигранти кој пловел за Италија доживеал бродолом во Егејското Море: Десетици исчезнати, 29 спасни

Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), во источниот Медитеран од јануари 2022 година загинале 64 лица, а во 2021 година 111. Последната бродска несреќа во Егејското Море се случи на 19 јуни.

Најмалку 50 мигранти се водат за исчезнати при потонувањето на брод кај грчкиот остров Карпатос, во југоисточниот дел на Егејското Море.

На бродот имало околу осумдесет лица, а потрагата по исчезнатите лица продолжува. Бродот го напуштил турскиот брег и се упатил кон Италија. Според АФП (Агенција Франс прес), спасените се „Авганистанци, Ирачани и Иранци“.

Досега грчката крајбрежна стража спасила 29 лица, но потрагата продолжува бидејќи, според нивните изјави, на бродот имало меѓу 20 и 50 луѓе“, изјави Никос Кокалас, портпарол на грчката крајбрежна стража. Потрагата е отежната од силен ветер, рече тој.

Потонатиот брод отпловил од турскиот град Анталија и се упатил кон Италија. Спасувачите известија дека „многу од преживеаните не носеле елеци за спасување“.

Опасното преминување на неколку наутички милји меѓу грчките острови и турскиот брег во Егејското Море, кое се наоѓа во источниот Медитеран, ги чини животите на многу мигранти и бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа со импровизирани чамци за да избегаат од војни и мизерија.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), 64 лица загинале во источниот Медитеран од јануари 2022 година и 111 во 2021 година. Последната бродска несреќа во Егејското Море се случи на 19 јуни, кога осум лица загинаа во близина на брегот на островот Миконос и 108 беа спасени од грчката крајбрежна стража.

Грчките власти соопштија дека годинава е зголемен бројот на пристигнувања на мигранти и бегалци во Грција, особено од Турција. Атина ја обвинува Анкара дека замижува пред практиките на шверцерите и дозволува мигрантите да пристигнат во Грција, што го прекршува договорот од март 2016 година, кој вклучуваше напори на Турција да ја ограничи имиграцијата од нејзината територија во замена за европска финансиска помош. Турција ги негира овие наводи.

Слични објави

(Видео) Синот на Бени Шаќири има само 12 години, а веќе самоуверено владее со гитарата на сцената

Еспресо

Им забранувала и ги условувала соработниците? Откриено сè за тајната листа на Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Сестрата на Јелена Спенџарска покажа како го поминала летото со четирите деца: „Бевме презафатени живеејќи го“

К.С.

Есенски десерт за вистинско уживање — кремаст мус од костени и чоколадо готов за само 10 минути

Еспресо

Хороскоп за 8 октомври: Вагите ќе мора да направат компромис на работното место

Еспресо

Тарик Филиповиќ ѝ го честиташе 50. роденден на убавата Лејла со емотивна порака: „Никој никогаш нема да те сака како што те сакам јас“

Еспресо
Се вчитува....