08:08 - 20 ноември, 2026

Џони Деп потпиша милионски договор со компанијата која го цензурираше веднаш штом беа упатени првите обвинувања

Џони Деп штотуку потпиша договор со „Диор“ за да стане заштитно лице на нивниот машки мирис „Sauvage“, пренесува TMZ, кој, повикувајќи се на извори блиски до „Диор“, тврди дека се работи за повеќегодишен договор вреден најмалку милион долари.

„Кажано ни е дека договорот бил склучен неодамна и бил зацементиран откако скаутите на Диор и познатиот моден фотограф Грег Вилијамс присуствувале на еден од рок концертите на Џони и Џеф Бек во Париз како знак на поддршка за Џони Деп“, пишува TMZ.

Изворите велат дека Грег го фотографирал Џони Деп пред и по ревијата во Париз, а содржината ќе биде искористена во новата рекламна кампања на „Диор“.

Џони првпат потпиша за „Диор“ во 2015 година како заштитно лице на колонската вода, а договорот сега е обновен. Откако Амбер првпат се огласи со нејзините обвинувања против Џони, рекламата за „Sauvage“ престана да се емитува на телевизија. Рекламата на Џони почна да се емитува во ударниот термин на FOX откако тој постигна победа во судницата против Амбер, а сега доби нов договор кој ќе трае со години.

Слични објави

Дневен хороскоп за 20 ноември: Искористете го денот за донеување на важни одлуки, но бидете внимателни

apostolova

(Фото+видео) Мексиканска храна и посебно изненадување: Анастасија покажа како Гудељ го прослави 35. роденден во Мадрид

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан покрај Пула, но три години не може да се всели

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Џејла објавија мистериозни видеа во исто време: „Мислев дека е вештачка интелигенција“

Еспресо

(Фото) Атина Тошиќ отпатува во Австрија: Шопинг во луксузни бутици и стајлинг со потпис на „Шанел“

Еспресо

„Ме нервира мрзеливоста на колегите“: Јанг Дади без влакна на јазикот

Еспресо
Се вчитува....