12.8 C
Скопје
03:39 - 8 мај, 2024

Сладолед што не се топи, инсекти како извор на протеини… Што и како ќе јадеме по 20 години?

Mора да ја избегнеме апсурдноста да одгледуваме цела кокошка за да можеме да ѝ ги јадеме градите или крилјата и да ги произведуваме тие делови поединечно, рече Винстон Черчил во 1931 година, не знаејќи колку ќе биде во право.

Експертите што се занимаваат со иднината на исхраната предвидуваат како ќе го смениме начинот на консумирање храна и кои се новите намирници што ќе се појават во нашата исхрана. Еден од нив е футурологот д-р Моргејн Геј, кој предвидува дека плановите за диети ќе станат персонализирани за да одговараат на нашите здравствени потреби и физичката состојба. Благодарение на развојот на технологијата и дигиталните алатки, подобро ќе разбереме што јадеме и како јадеме. Ви носиме неколку трендови што ќе ги најдеме во иднината и за што треба да се подготвиме.

Персонализирана исхрана
Футурологот Геј истакнува дека сè е во микробиологијата на нашите црева, што потоа ќе поттикне поголем интерес за персонализираната исхрана на потрошувачите. Тој работи со научници за развој на уред, кој би ја чувал ДНК на корисникот и други биометриски податоци. Кога некое лице само ќе дувне во уредот, ќе може да открие недостатоци на витамини и минерали кај корисникот и да ја скенира содржината на ладилникот за да го најде совршеното решение за јадење соодветно на потребите на корисникот.

Современата исхрана се сведува на неколку главни намирници, како што се компири, пченица, ориз, итн. Ова е причината зошто нетолеранцијата на храна е толку распространета денес. Затоа е важно да се воведат разни намирници како леќа, киноа, јачмен, бидејќи тоа е токму механизмот за спречување на нетолеранција на храна. Билката на иднината – хељдата – не содржи глутен и е одлична алтернатива на класичното брашно од пченица. Во ова бурно темпо на живеење, важно е сите оброци да бидат здрави. Така, д-р Геј, подготви рецепт за здрав десерт направен од крцкави лешници, цимет, урми и хељда, што секој од нас може да го направи дома. Овој кремаст ладен десерт не содржи шеќер, кој досега сме навикнати да го користиме, а урмите и медот се одлични замени за него. Текстурата се постигнува со лешници и индиски ореви, а можете да направите дополнителна крцкавост на горниот слој со овес. Можете да си „играте“ со овој десерт, и ако сакате да чувствувате уште повеќе овошје во него, д-р Геј препорачува да додадете јаболка или сливи.

Сладолед што не се топи
Д-р Геј објаснува дека текстурата на храната е прилично неистражена област. Премногу обрнуваме внимание на вкусот, а треба да обрнеме внимание на тоа како текстурата влијае на вкусот во устата. Овој футуролог неодамна дополнително го разви сладоледот што не капе, а идејата првично потекнува од Јапонците, сосема случајно кога научниците од Центарот за истражување за развој на биотерапија во Каназава барале решение за фарма со јагоди во случај да бидат погодени од природна катастрофа. Тајната е во полифенолот, екстракт од јагода, поради кој сладоледот може да ја задржи својата форма многу подолго од обичниот сладолед затоа што спречува одвојување на водата и маслото.

Инсектите како извори на протеини
Иако овој тренд е веќе актуелен во некои земји, како што се Тајланд, Кина, Бразил или некои африкански земји, тој сè уште не се вкорени целосно во европските и западните земји. Одгледувањето инсекти се смета за одржлив начин на производство на храна и целта е борба против неухранетост во неразвиените земји. Целта е да се намали потрошувачката и производството на „класично“ месо во секојдневната исхрана поради штетните ефекти врз животната средина.

Печатење храна – ново готвење
3Д-печатењето е веќе доста добро познато во светот, но дека вие ќе можете да печатите сендвич или ручек наместо да го готвите или печете, никој досега не помислил. 3Д-принтери за храна веќе се достапни на пазарот, како за домашна употреба, така и по прифатлива цена. За печатена храна, и понатаму ќе можете да користите широк спектар на состојки и да јадете здрав оброк. Овој начин на „готвење“ сè уште не го достигнал својот целосен потенцијал, но тоа сигурно многу ќе влијае на прехранбената индустрија.
Научниците и футуролозите инсистираат на промена на исхраната, прифаќање на нова храна и навики на јадење. Поради растечката пренатрупаност на Земјата и ограничените ресурси, едноставно нема доволно храна за сите луѓе. Истражувањата во прехранбената индустрија и брзото унапредување на технологијата овозможуваат нови перспективи за тоа што ќе се најде на нашата чинија во иднина.

Слични објави

(Видео) Запомнете го ова име, Марија Спасовска: Има „Минато“ што ветува блескава иднина

еспресо

Колку чини Евровизија: „Солени“ цени се во игра

еспресо

(Фото) Катарина Ивановска го покажа новиот дечко: Манекенката уживаше со него во Италија

Еспресо

„Игра како стриптизерка, како да…“: Српскиот пејач жестоко удри по Теа Таировиќ

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ направи добро дело, па сега мора да оди на суд поради тоа!

Еспресо

Петар Грашо го коментираше доаѓањето на новороденчето: „Нè радува што гледаме колку луѓе се радуваат со нас“

Еспресо
Се вчитува....