18.8 C
Скопје
17:16 - 25 март, 2026

Диета со пилешко месо, брза и ефикасна за „топење“ на килограми на само една недела пред плажа

Основна намирница во пилешката диета е претпоставувате веќе, пилешкото месо. Диетата се држи 7- до 14 дена, а со неа ќе загубите 5 до 7 килограми. Предноста на оваа диета е и во тоа што е добар елиминатор на целулитот и масните наслаги околу стомакот.

Дозволени намирници кои треба да преовладуваат во дневното диетно мени – пилешко месо, пилешки колбаси, чиста пилешка салама, месо од мисирка, пилешки џигерчиња, интегрален леб (по 1 тост дневно за појадок), зелена салата, јајца, кромид, краставица, брокули, домат, диетен маргарин (1 кафена лажичка) и нискокалорично овошје.

Големата доза на протеини во оваа диета е гаранција дека нема да почувствувате глад.

Еве како треба да изгледа дневното мени.

Појадок – 1 парче интегрален леб намачкано со половина лажичка диетален маргарин.  2 варени јајца. 50 грама пилешки колбаси/виршли. 1 чаша сок од цеден портокал или лимон (без додаток на шеќер). 1 филџан кафе без шеќер.

Ужина – 1 јаболко, портокал или киви.

Ручек – Половина печено (на грил) пиле (остранете ја кожата). Чинија салата од краставици и домати (половина главица кромид или млад кромид, по желба)

Пилето може да го прелиете со малку маслиново масло и сок од лимон.

Вечера – Порција пилешки џигерчиња со зелена салата со ротквици и кромид, или 1 парче интегрален леб со половина лажичка маргарин и пилешка салама, плус 1 варено јајце.

Доколку почувствувате глад во меѓуоброците земете 1 јаболко, киви или портокал, или чинија пилешка бистра супа.

Предложеното дневно мени содржи околу 1.000 калории.

Слични објави

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Во пресрет на Младенци: Тајната на совршените „младенчиња“ – зошто се прават со мед и каква симболика носат?

Еспресо

Велат дека ова е најдобрата пилешка салата што можете да ја направите – трикот е во подготовката на месото

Еспресо

Стјуардесите откриваат пет работи што никогаш не треба да ги нарачувате во авион

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо
Се вчитува....