Ако сте љубител на шампита, тогаш овој рецепт е идеален за вас.
Потребни состојки:
Пет белки
100 гр шеќер
Еден ванилин шеќер
Малку сок од лимон
Две пакувања лиснато тесто од по 200 грама
За сируп:
150 гр шеќер
100 мл вода
Шеќер во прав
Подготовка:
Испечете ги лиснатите теста, такашто едното ќе го избодете со вилушка, а другото површински ќе го исечете на коцки.
Изматете ги белките со шеќерот и ванилин шеќерот и додадете го лимоновиот сок. Изматете цврст снег.
На средна температура направете го шеќерниот сируп. Штом ќе проврие, додадете го снегот од белки и продолжете да матите.
Нанесете ја смесата врз тестото кое е избодено со вилушка. Врз него ставете го засеченото тесто. Оставете целосно да излади, посипете со шеќер во прав и послужете.