3.8 C
Скопје
18:36 - 18 декември, 2024

7 причини зошто почесто треба да јадеме сливи

Еве зошто треба сливите почесто да ги додавате во вашето мени.

1. Сливата е кралица на доброто варење. Богата е со прехранбени влакна кои ја поттикнуваат работата на цревата и чистењето на организмот и влијаат на запекот.

2. Го регулира крвниот притисок. Во 100 грама свежи сливи се наоѓаат околу 160 милиграми калиум. Овој минерал игра важна улога во регулирање на крвниот притисок.

3. Ја подобрува работата на срцето. Истражувањата покажале дека редовното консумирање на сливите благопријатно делува на срцето и крвниот систем.

4. Го зајакнува имунитетот. Сливата е преполна со витамин Ц кој го чува здравјето на целото тело и го зајакнува имунитетот на поединецот.

5. Добра е за кожата. Бетакаротинот и витаминот Е кои ги содржи сливата ја одржуваат еластичноста на кожата и го забрзуваат зараснувањето на раните.

6. Сливата е чувар на коските. Големата количина антиоксиданси и минерали се заслужни за зачувување на коскената маса и придонесуваат за општо здравје на коскениот систем.

7. Сливата го поттикнува слабеењето. Во 100 грама сливи се наоѓаат само 45 калории. Поради тоа консумирањето на ова овошје им се препорачува на лицата кои се обидуваат да ослабат и да одржат здрава телесна тежина.

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....