7.8 C
Скопје
01:21 - 17 октомври, 2026

Антистрес терапија со превкусните рецепти на Јуле

Јулијана Златаноска од Гостивар, вработена во „СЛ Клуб“, е сопруга и мајка на две деца, Кристијан и Стефан. Вели дека готви од мала и дека повеќе ги сака комплицираните рецепти. Нејзините први такви творби биле пуслица и јапонски ветер кои ги направила кога имала 13 години. Љубовта за готвењето ја наследила од нејзините родители, кои цел живот работеле во кујни и ресторани.

– Готвењето ме опушта, тоа ми е како антистрес терапија и бегство од проблемите што ги носи животот. Сакам да готвам и традиционални рецепти и секогаш се трудам да изгледаат убаво и вкусно, и на око и на вкус, вели Јуле и ни открива три превкусни рецепти.

Полнети модри патлиџани

Намирници: 500 гр мелено месо, 4 модри патлиџани, 1 кромид, 1 морков, 1 пиперка, лук, магдонос и зачини по желба, 200 мл бело вино.

Подготовка: Модрите патлиџани се сечат на половина по должината и се длабат. Се пржат кромидот, пиперката и морковот. Се додава месото да се пропржи, а потоа и внатрешниот дел од модриот патлиџан, исечкан. Потоа се додава чаша бело вино и зачини и се остава да испари течноста. На крај се додаваат магдоносот и лукот. Со смесата се полнат модрите патлиџани, па се печат во рерна околу 30 минути на 200 степени. Пред крај може да се изренда кашкавал или сирење, па да се допечат додека кашкавалот се растопи.

Црешнопита

Старински овошен колач што враќа во детството.
Намирници и подготовка: 2 јајца, 1 жолчка, 100 мл масло, 180 гр шеќер се мати
се додава 200 гр брашно, едно печиво, и кора од еден лимон. Се меша сè заедно, може и со жица. Црешите ги зашеќерив со 2 лажици шеќер. Преливот го направив со 100 гр цреши, 2 лажици шеќер, сок од половина лимон, варев 5-10 минути. Се пече на 180 степени 45 минути во тавче бр. 26.

Топтаница

Старински рецепт брз, лесен и вкусен. Намирници: 700 гр брашно, 1 лажичка сол, 2 лажици масло, 350-400 мл врела вода, путер. Подготовка: Се меша со дрвена лажица, потоа со рака кога ќе се подолади. Се прават 20-25 топчиња, се сукаат на пченкарно брашно со должина од околу 20 см. Се премачкуваат со растопен путер и масло, може да се додаде и свинска маст. Се редат една до друга и се сукаат во голема кора колку тавчето бр.34. Се пече и се кине со вилушка. Ако сакате покрцкаво, може да ја вратите топтаницата во рерна уште 3-5 минути. Може да додадете и сирење меѓу редовите.

Слични објави

„Не сум ја видел ќерка ми девет дена“: Петар Грашо проговори за семејниот живот, а неговиот коментар за Тончи ги изненади сите

Еспресо

Мајката на Милица Тодоровиќ ја разнежни јавноста со порака до ќерките: „Ќе ве чувам во молитвите секој ден до крајот на животот“

Еспресо

Јелена Карлеуша жестоко го нападна Јаков Јозиновиќ: Изнесе тешки обвинувања за неговата кариера и настапите во Србија

Еспресо

Избегаа на егзотична дестинација – Бресквица го објави првото видео со своето ново момче

Еспресо

(Фото) Ела Дворник ја покажа другата страна од својот живот – откри каде поминува до десет часа на ден

Еспресо

„Каков новинар си ти, мораш уште да учиш“: Харис Џиновиќ се налути на познатиот водител поради прашање за брковите

Е.А.
Се вчитува....