3.8 C
Скопје
05:38 - 17 март, 2026

Здравјето влегува преку устата: Колку овошје, а колку зеленчук треба да јадеме секој ден?

Смртта на милиони прерано починати лица може да се спречи со промена во исхраната, а еве што треба да јадете секој ден за да си го продолжите животот.

За спречување на карциномот и срцевиот удар можеме многу да направиме со едноставни промени во исхраната.

Повеќето од нас знаат дека потребно е да се вклучат овошјето и зеленчукот во секојдневното мени, но колкави се минималните количини кои треба да ги изедеме од оваа здрава храна?

Штотуку се објавени резултатите од анализите на дури 95 студии во кои биле вклучени повеќе од 2 милиони лица.

Ви го претставуваме прецизното мени на Кралскиот колеџ во Лондон!

За понизок ризик од карцином влијае исхраната во која е застапен зелениот зеленчук, жолтиот зеленчук и зелкастиот (зелка, карфиол, брокула). За понизок ризик од срцеви заболувања и срцев удар влијае храната во која се застапени: јаболките, крушките, цитрусите, салатата, зелениот лиснат зеленчук (како марулата и спанаќот) и зелкастите зеленчуци.

Во анализата на резултатите на бројни студии, попрецизно се споредени количините на зеленчук во исхраната и се покажало дека:

200 грама од препорачаното овошје и зеленчук дневно го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести за 13 проценти, додека 800 грама го намалува тој ризик за 28 проценти.

Исто така, 200 грама од овие намирници го намалуваат ризикот од карцином за 4 проценти, а 800 грама за 13 проценти. И конечно, 200 грама од набројаното овошје и зеленчук го намалуваат ризикот од прерана смрт за 15 проценти, а 800 грама за 31 процент.

Јадете повеќе од препорачаното овошје и зеленчук и продолжете си го животот!

Слични објави

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо
Се вчитува....