7.8 C
Скопје
21:46 - 31 март, 2026

Зошто ни трепери окото: Дали и кога има причина за грижа?

Треперењето на окото може да биде прилично често и обично не треба да ве загрижува.
Состојбата на привремено или долготрајно треперење на окото се нарекува миокимија на капакот и е резултат на рефлекс од погрешниот пренос на невроните кои ги стимулираат вашите мускули.

Постојат неколку вообичаени причини поради кои најчесто се случува да ни трепери очниот капак:

Стрес
Вишок кофеин
Дехидрација
Замор
Напрегање на очите
Алкохол
Суво око
Проблеми со исхраната
Алергии

Фото: Пиксабеј

Во ретки случаи треперењето на окото може да биде знак и за одредени пореметувања на мозокот и нервите, но тогаш треперењето на окото го следат и други знаци и симптоми.

Побарајте лекарска помош доколку треперењето на окото трае подолго од две недели, доколку треперењето на окото се префрла во треперење и на други делови од лицето, а очите ви се црвени, потечени или имаат исцедок.

Како да го запрете треперењето на окото:

Спијте малку повеќе, намалете го внесот на кофеин, додадете витамини во исхраната, отргнете се малку од сите видови на монитори, направете се што можете да го намалите нивото на стрес и направете нежна масажа на лицето и очните капаци.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....