22:08 - 22 декември, 2024

Три тајни за убавината на Клеопатра кои се ефикасни и во 21 век!

Овие три ритуали биле составен дел бјути-рутината на Клеопатра, а денес се исклучително ефикасни.

Генерално советите за убавина ги земаме од жените во нашата ера, но со оглед на тоа дека Клеопатра важи за една од најубавите жени на сите времиња, можеби и не е толку залудно да се скокне во времеплов и да се истражат ритуалите постари од 2000 години.

Факт е дека во времето на Клеопатра не постоела бјути индустријата со неограничен избор на козметички производи, туку дека бјути-рутината на една од најубавите жени во светот се состоела исклучиво од производи базирани на природни состојќи од билно или животинско потекло.

Во продолжение дознајте кои тајни се криеле позади бјути третманот на древната египедска владетелка и како тие да ги вклопите во козметичката пракса на 21 век.

Мед и млеко

Се верува дека Клеопатра својата мазна и негувана кожа ја должи на хранливите купки од магарешко млеко и мед, а наводно Египќаните ја користеле оваа комбинација на состојќи и како маска за лице. Бројни современи козметички производи содржат млечна киселина, а доколку сте тип што сака да експериментира и сам прави производи, во вашата купка додадете пола литар млеко од животинско потекло и 5 големи лажици мед.

Сол од мртво море

Мртвото море се смета за најголемиот природен спа центар на светот, а капењето во него, поради изразито големите количи на лековита сол, се препорачува на луѓето со кожни болести и генерално проблеми поврзани со кожата. И Клеопатра била свесна за овие лековити и негувачки својства, па затоа солта од мртвото море ја користела во својата бјути-рутина. Доколку Јордан и Израел не ви се блиску, обидете се со некои од бројните козметички производи базирани на оваа сол.

Египетска депилација

Во поголемиот број од козметичките салони можете да закажете третман со египетска депилација, која на помалку болен начин ќе ги отстрани непосакуваните влакна. Шеќерната паста е главната состојка на оваа метода, а нејзините дополнителни предности се тоа што во потполност ги елиминира зараснатите влакненца. Одговара на сите типови на кожа и со потполно природните состојќи го чува здравјето на кожата. Не е залудно што овој рецепт опстојува илјадници години.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо
Се вчитува....