1.8 C
Скопје
09:47 - 22 декември, 2024

Тој е феномен: Има 98 години и го победи коронавирусот – погледнете како! (ВИДЕО)

Ветеран од Втора светска војна и фармацевт, кој за време на војната бил ангажиран во масовното производство на пеницилин, бил тестиран и добил позитивни резултати на вирусот КОВИД-19, на 18. март, откако ги почувствувал првите симптоми на болеста.

Боуден, кој е прадедо, по тестирањето бил примен во болница, од која бил пуштен по само три дена (минатата сабота), бидејќи неговиот имунитет успеал да се избори со опасниот вирус без потешки компликации. Тој по отпуштањето од болница се вратил во својата куќа во Болтон.

Најмладиот син на Џек Марк (58), изјавил дека кога дознал дека татко му е позитивен на коронавирус, му напишал проштално писмо на својот татко, не ни помислувајќи дека еден стогодишник може да преживее толку опасна болест.

– Мислев дека никогаш повеќе нема да го видам. Му напишав прекрасно писмо, во кое се збогував со него – изјавил синот на Џек.

Меѓутоа, во петокот, Марк добил повик од болницата и му било соопштено дека татко му е значително подобар, дека има многу благ облик на респираторна инфекција која полека исчезнува и дека утредента ќе биде пуштен од болница на домашно лекување.

Докторите во Британија сакаат да го проучуваат неговиот случај како апсолутен феномен, во смисла на нескладноста помеѓу староста, тежината на клиничката слика и брзината на оздравувањето.

Џек Боуден моментално е најстарото лице во Британија, а веројатно и во светот, кое го преживеало коронавирусот.

Во видеото можете да ја проследите целата негова инспиративна приказна…

 

 

 

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо
Се вчитува....