12.8 C
Скопје
18:29 - 3 април, 2026

Совршен изглед во 5 чекори: Кажете им збогум на неуредните веѓи!

Unsplash

Изразот „веѓите се рамка на лицето“ не е случаен. Правилно обликуваните веѓи можат да ја трансформираат шминката и да ги истакнат очите на најубав начин.

Во продолжение следи детален водич во пет чекори за да ви помогнеме да постигнете професионален резултат – самостојно.

Unsplash
Unsplash

Чекор 1: Чистење

Отстранете ги остатоците од шминка од веѓите и исчешлајте ги со чиста четка.

Чекор 2: Точна форма

Користете ја четката за да ја пронајдете точната форма што треба да ја имате. Ставете ја на двата краја на носот, за да видите од каде треба да започне секоја веѓа одвнатре, а потоа поставете ја дијагонално на страната на носот – под агол од 45 степени – за да видите каде треба да заврши.

Unsplash
Unsplash

Чекор 3: Отстранете ги несаканите влакненца

Отстранете ја несаканите влакненца со пинцета, конец или депилација. Депилацијата е една од најстарите методи на отстранување на влакна која ги отстранува влакната од корените без да предизвика иритација. Идеално за чувствителна кожа.

Чекор 4: Пополнете ги веѓите

Ова е проследено со опционално пополнување на празнините со посебен молив за веѓи. Мали и лесни движења нагоре помеѓу влакната ќе дадат идеален резултат.

Unsplash
Unsplash

Чекор 5: Завршен допир

Гел за веѓи или проѕирна професионална маскара ќе ви помогне да ги стабилизирате веѓите и да им дадете професионален изглед.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....