Анита Херберт е професионален бикини спортист и фитнес модел со потекло од Унгарија.
Таа се пресели во Америка за да ја гради својата кариера како фитнес модел, а промената на средината е нешто што и се исплатеше, бидејќи Анита денеска е добро познато име во фитнес индустријата.
Нејзината неверојатна фигура и работна етика ја доведоа до огромен успех, а таа е активна и на Инстаграм каде има повеќе од два милиони следбеници.
Анита навреме успеа да сфати кој е вистинскиот пат до успехот и на 24 години почнала да тренира во теретана и да се придржува до построг начин на исхрана.
Оваа убавица во 2015 година се појави на своето прво фитнес натпреварување и си замина дома со пехар, а со текот на годините таа продолжи да реди импресивни успеси, поради кои е инспирација за многу жени во светот.