1.8 C
Скопје
15:52 - 9 јануари, 2026

Како да се спасите од првутот со помош на природни препарати

Првутот може да биде многу здодевен. Еве неколку начини како сами да се ослободите од него.

Сода бикарбона
Содата бикарбона помага да се спасиме од првутот отстранувајќи ги мртвите клетки од скалпот. Исто така таа го регулира нивото на пх-вредноста на кожата за да не настануваатт габички и бактерии.

Домашен шампон против првут од сода бикарбона: потребни ви се една лажица сода бикарбона и една и пол шолја млака вода.
Ставете ја содата во млаката вода, добро промешајте и искористете ја како шампон. Оставете малку да отстои на косата пред да ја исплакнете. Ако почувствувате дека содата ви ја прави кожата сува и не ви годи, не ја користете како шампон, туку само измешајте една лажичка сода со некој поблаг шампон и со тоа измијте ја косата.

Лимон против првут
Лимонската киселина што ја има во лимонот одлична е во борбата против првутот. Таа всушност ги убива габичките поради кои настанува првутот. Земете две лажици свеж лимонов сок и измасирајте го скалпот со него. После 1-2 минути исплакнете ја косата со вода. Втријте лимон директно на скалпот, оставете да делува 2-3 минути па исплакнете.

Јаболков оцет
Освен што природно ја чисти кожата, јаболковиот оцет го враќа нивото на пх вредноста на кожата во нормала.
Помешајте 2-3 лажици јаболков оцет со иста количина вода и додајте уште 15-20 капки масло од чајно дрво. Измасирајте го коренот на главата па исплакнете по неколку минути. Повторувајте го ова два-три пати неделно.
Јаболковиот оцет може да ви помогне и за отстранување на лакот од ноктите наместо ацетонот, кој ви ја суши кожата и ноктите.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дигестивното здравје за време на празниците

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова сала за минимално инвазивни интервенции

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Успешно оперирана ретка срцева аномалија кај предвремено родено бебе

Еспресо

Новости во Клиника „Жан Митрев: Бесконтрасно коронарно стентирање

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Како да се заштитиме од респираторни вирусни инфекции

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дебелина кај деца – што да се прави?

apostolova
Се вчитува....