9.8 C
Скопје
12:57 - 31 март, 2026

Ефикасни вежби: Како подбрадокот засекогаш да исчезне? (ВИДЕО)

Доколку и вие мачите мака со подбрадокот, постои начин како да сеослободите од него. Редовното изведување на овие вежби кои ги стимулираат вратните мускули ќе направи вишокот на кожата да исчезне.

Постојат неколку работи кои можат да придонесат за создавање на подбрадок. Главниот е прекумерната тежина, а другиот е неактивниот начин на живот. Мускулите кои не се користат доволно често започнуваат да го губат тонусот, а тоа ги вклучува и мускулите кои се наоѓаат под виличната коска. Исто така, како што старееме, кожата ја губи еластичноста, што доведува до опуштање на кожата.

Не е важно како сте го добиле, она што е важно е како да го загубите, а можете. Како и сите останати мускули на телото, можете да ги вежбате и оние на лицето. Со редовно вежбање можете да се ослободите од опуштените мускули и непријатната кесичка која ви виси под брадата.

Во видеото се прикажани вежби кои ќе ви помогнат во тоа, а кои е потребно да ги изведувате само 20 минути дневно. Исто така е важно да пиете многу вода и да ја намалите количината на сол која ја внесувате во организмот.

https://www.youtube.com/watch?v=QZkEdPotnDE

 

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....