17.8 C
Скопје
15:35 - 18 октомври, 2026

Четири милијарди луѓе ќе бидат со прекумерна тежина до 2050 година

Unsplash

Доколку сегашните нездрави трендови во исхраната продолжат, повеќе од четири милијарди луѓе би можеле да бидат со прекумерна тежина до 2050 година, од кои 1,5 милијарди би страдале од дебелина, покажа новата студија.

Unsplash
Unsplash

Предупредувајќи на здравствена криза од незамисливи размери, експертите од Институтот за истражување на климатските промени во Потсдам велат дека побарувачката за храна може да се зголеми за 50 проценти до средината на овој век и да го надмине капацитетот на Земјата за одржлива природа.

Unsplash
Unsplash

Давајќи преглед на промените во навиките за јадење низ целиот свет од 1965 до 2100 година, научниците користеа отворен модел за да предвидат како побарувачката на храна ќе одговори на растот на популацијата, стареењето, зголемувањето на индексот на телесна маса, намалувањето на физичката активност и зголемениот отпад на храна

Unsplash
Unsplash

Тие утврдија дека, со непроменето однесување, повеќе од четири милијарди луѓе или 45 проценти од населението ќе бидат со прекумерна тежина до 2050 година.

Според тој модел, 16 проценти ќе бидат гојазни во споредба со сегашните девет проценти, a 29 проценти од популацијата со прекумерна тежина.

– Повеќе отпад од храна и зголемена потрошувачка на животински протеини значи дека влијанието врз земјоделството ќе излезе од контрола, рече Бенџамин Бодирски, кој го предводеше истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието „Nature Scientific Reports“.

Unsplash
Unsplash

Без разлика дали станува збор за загадување со азот или уништување на шумите, ние ги достигнуваме границите на нашата планета, ако веќе не сме ги надминале, вели тој.

Иако трендовите варираат од регион до регион, авторите на студијата заклучуваат дека глобалните навики во исхраната се оддалечуваат од диетата заснована на растителна храна и скроб кон диета богата со шеќери, масти и храна од животинско потекло што ја истакнува индустриски преработената храна.

Unsplash
Unsplash

Во исто време, истражувањето открило дека постојаното фрлањето храна се случува бидејќи залихите не се трошат целосно, нема каде да се чуваат или се претерува со купување на намирници кои потоа завршуваат во отпад додека некој истиот ден останува гладен.

– Има доволно храна на светот, проблемот е што најсиромашните на планетата немаат пари да ја купат, вели коавторот на истражувањето Прајал Прадан.

– Во богатите земји, луѓето не ги чувствуваат економските и еколошките последици од фрлањето храна, вели Прајал Прадан.

Слични објави

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Поврзани онлајн, осамени офлајн – менталното здравје во дигиталната ера

Еспресо

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.

Дали трчањето на загаден воздух е опасно за здравјето? Научниците откриваат како да се заштитите

К.С.

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Калинката е вистинска ризница на здравје: 10 причини зошто треба почесто да ја јадете

К.С.
Се вчитува....