11:50 - 16 септември, 2026

Проф. д-р. Пановски апелира: За да се спасат животи, лидерите на сите партии треба да дадат соопштение да се биде дома за Нова Година!

Имунитетот на децата кои сега следат настава од дома е „заспан“, догодина, кога ќе тргнат во градинка и на училиште ќе имаат проблем, нагласи микробиологот Никола Пановски во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

– Најголем проблем догодина ќе се случи со децата што ќе тргнат во градинка и на училиште. Вирусите ќе мора да се наплатат. Имунитетот на тие деца сега е заспан, а догодина ќе имаме други болести, нагласи Пановски.

Како причина за стагнација на дневната бројка на новозаболени, тој ја наведе свесноста кај луѓето дека вирусот постои.

– Сега не сум слушнал за големи журки, нешто што се случуваше претходно. Најмногу зарази се од јавен или приватен превоз и работни организации. Маските не штитат 100 отсто, ако неколку луѓе се во автомобил и имаат маски, а еден е позитивен, неминовно е некој да се зарази од оние кои се негативни, вели Пановски.

Според него, влијание има и колективниот имунитет и во тој контекст изрази надеж дека за две недели ќе почне да паѓа бројот на активни случаи, како и бројот на хоспитализации.

– Ако новогодишните празници се минат без зарази, тогаш колективниот имунитет ќе се стекне и порано. Мислам дека лидерите на сите партии треба да дадат соопштение да се биде дома за Нова Година, да не се собираат во заторен простор, ако е така ќе се спасат животи, истакна Пановски.

Не се многу, рече Пановски, 33.000 дози од вакцината против ковид, меѓутоа ќе помогнат каде е најпотребно до февруари до кога, нагласи, ќе мора да издржат и здравствените работници.

– Најверојатно вакцинирањето од грип е непотребно годинава. Спречено е ширењето на заразата. Нема одење по слави, по спортски натпревари, на концерти. Сите се крстиме во тој клеточен имунитет, но не сите 60.000 имаат имунитет. Речиси пола од нив не биле болни. Не значи дека ако некој бил позитивен дека не треба да се вакцинира. За антителата не е сигурно. По мене, сите што се ризични групи треба да се вакцинираат, а оние кои имаат антитела, нема потреба да брзаат. Се надевам дека до јуни сите ќе имаме стекнат природен имунитет, а во септември мислам дека 80 отсто ќе живееме нормално, вели Никола Пановски.

Слични објави

(Видео) Тамара Тодевска со Хана и Дарен приреди изненадување на плажа – погледнете ја реакцијата на Тијана

Еспресо

(Видео) Јелена Карлеуша за односот со Душко Тошиќ: „За 17 години брак никогаш не ми кажа убав збор“

Еспресо

(Фото) Семејна идила покрај море – Александра Јовановска од МТВ на прв одмор со Лука и Ангел

Еспресо

Хороскоп за 16 септември: Девиците ќе се посветат на хоби, Стрелците ќе имаат деловни поволности

Еспресо

Дара Бубамара без влакна на јазикот за Џејла: „Секогаш таа некако излегува сирота“

Еспресо

Ме испрати на пат на пеење и вечно се успокои: Ивона Јо со срцепарателна приказна за татко ѝ

Еспресо
Се вчитува....