-0.2 C
Скопје
01:50 - 19 декември, 2024

Ако сакате да изгледате убаво без шминка, променете ги навиките!

Шминкањето може да биде многу забавно и исполнително, но понекогаш и долготраен и досаден процес. Шминката ја оштетува кожата на различни начини и затоа усвојувањето на навиките кои можат да доведат до тоа да изгледате одлично и без шминка може да биде совршена опција. Еве за кои навики станува збор:

Користење свилени перници кога спиете

Изгледот на кожата на лицето може да се подобри дури и кога спиете и тоа со замена на памучните перници со свилени. Го намалува триењето на кожата и косата и го спречува оштетувањето и иритацијата. Исто така помага во одржувањето на чиста кожа и коса и го спречува исушувањето. Спротивно на тоа, памукот може да го впие природното масло кое го произведува кожата. Овој трик помага во решавање на проблемот со акните.

Користење салицилна киселина

Мртвите клетки можат да ги затворат порите и да предизвикаат црвенило и дамки. Салицилната киселина го отстранува вишокот на себум, го измазнува епидермисот и го подобрува обновувањето на клетките, оставајќи чиста кожа и затегнати пори. Идејата за употреба на киселина на кожата можеби звучи застрашувачки, но не е страшно ако се користи умерено. Ако се користи правилно, може да биде помалку иритирачка од бензоил пероксид. Потребно е да се пронајдат производи кои содржат мала концентрација на салицилна киселина (околу 0,5 до 2 %, ако се користи на лице), како серум, тоник или маски.

Масажа на лице

На кожата може да ѝ помогнете со третман на кожа, а притоа да не морате да одите на козметичар или во спа-центар. Ако сакате да ја зголемите цврстината на кожата, правете длабоки симулативни движења на лицето. Ако имате чувствителна кожа користете лесни допири. На крајот, добра масажа може да помогне во отстранувањето на токсините и вишокот непотребни материи. Само запомнете да го избегнувате пределот околу очите, бидејќи кожата е многу чувствителна на притисок.

Обликување на веѓите

Постојат различни начини на обликување на веѓите, а можете да експериментирате со различен изглед додека не пронајдете стил кој вам најмногу ќе ви одговара. Пинцета воопшто не ви треба. Не само што можете да создадете добри форми на веѓи со одредени моливи и прашоци, ако има потреба од обликување, ножиците можат да ви бидат многу корисни.

Рицинусово масло за трепки

Истражувањата покажуваат дека рицинусовото масло помага влакната да бидат посјајни и погусти, што е посебно од помош кога сакате треките да ви изгледаат најдобро што може. И покрај популарното мислење, маслото не помага трепките да растат брзо, туку само да изгледата густи и сјајни.

Пиење лимонада

Постојат повеќе начини да ја одржавате кожата здрава и убава. Истражувањата покажуваат дека старите жени можат да ја осветлат кожата и да ги намалат темните дамки и црвенилото со земање витамин Ц. За да ја добиете дневната доза на витамин Ц наједноставно е да исцедите лимон во чаша со вода.

Одржување на добро ниво на циркулација во крвта

Добрата циркулација исто овозможува кожата да изгледа здрава и млада. Многу мали нешта можат да ја подобрат циркулацијата – едноставни вежби, третмани на лицето, хидрација, туширањето со млака вода.

Слични објави

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Проблеми со видот – рефрактивни аномалии

Еспресо
Се вчитува....