15.8 C
Скопје
18:46 - 23 април, 2026

(ВИДЕО) ВЕЖБАМЕ СО ЕЛЕНА МИРЧЕСКА: Тренинг сконцентриран на трицепсот или добро познатите „свадбарки“

Фитнес инструкторката Елена Мирческа подготви нов сет вежби за читателите на Еспресо– тренинг за трицепс. Вежбите се адаптирани за домашни услови.

Со денешниот сет на вежби, фитнес инструкторката Елена Мирческа акцентот го става на еден од најпроблематичните делови на женското тело – трицепсот, или добро познатите „свадбарки“!

– Овој дел од телото, исто како и внатрешниот дел од бутот, не се користи толку многу во секојдневната шема на движење на раката, како на пример, бицепсот, односно предниот мускул на надлактицата кој што е дирекно инволвиран во основните потези на кревање на раката. Од таа причина, доколку не му се посвети посебно внимание за секојдневна активација, задниот дел, односно трицепсот многу брзо таложи вишок на масни наслаги, атрофира и станува млитав, ни објаснува Елена и додава:

– Доколку имате вишок килограми и сте решиле да ги отстраните со соодветен режим на исхрана и физичка активност, задолжително воведете тренинг со тежини за да изградите нова мускулна маса која ќе ја врати еластичноста на провиснатата кожа и тонусот на мускулите. Но не секогаш зголемената телесна тежина е причина за овој феномен кај жените, „свадбарки“ или „крила“ не така ретко може да се забележат и кај слаби раце, што ви е доволен показател колку физичката активност игра круцијална улога за добар изглед!

приватна архива

Вежбите кои денеска ви ги предлагам со секојдневно користење, дури и во домашни услови, ќе допринесат за дефинирање на мускулите на задниот дел од надлактицата и грбот, како и зголемување на рангот на движење и мобилноста на рамениот зглоб. Одберете внимателно кои од нив би одговарале на вашето ниво на кондиција и флексибилност, започнете постепено, за почеток е доволно да вежбате со сопствената тежина или да кревате минимална тежина, како мало шише со вода, со поголем број на повторувања, за подоцна да ја зголемувате тежината и да го намалувате бројот на репетиции.

Овие вежби треба да се користат во комбинација со други вежби кои ги активираат и останатите мускули на рацете и грбот.

Ајде да вежбаме заедно со Елена.

Доколку немате идеа како сами да ја осмислите вашата фитнес рутина и кои комбинации на вежби се идеални за вашето ниво на физичка спремност и специфична градба, можете да се приклучите на секојдневните „онлајн“ часови во живо. Повеќе информации на @FitnesStudiLadyFit

Слични објави

Бидете буквално чекор пред сите… Изберете чевли од „Viktor Chevignon“

Еспресо

Лепа Брена од овој приватен бизнис заработува веќе 33 години: Не се откажува од него, иако била во загуба

Еспресо

(Видео) „Речиси и да не пијам и не сум пробал дрога“: Владо Георгиев поискрен од кога било

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Да го третираме дијабетесот со сериозноста што ја заслужува

Еспресо

Покажи ми која сум без страв: Ивона со со нова мотивирачка порака

Еспресо

Бобан Здравковиќ проговори за скандалот со настапот кај Александра Пријовиќ: Хонорарот не бил причина зошто не гостувал

Еспресо
Се вчитува....