24.8 C
Скопје
16:27 - 3 октомври, 2026

JA „ШУТНАЛ“ ОТКАКО БИЛЕ ИНТИМНИ: Ријалити ѕвезда прозборе за нејзината врска со Роналдо

Еден од најпознатите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо наводно тајно се допишувал и се гледал со ријалити ѕвездата Натача Родригес само два месеци пред да ја запознае сегашната вереница Георгина Родригез.

Ријалити ѕвездата за „The Sun“ откри дека започнала да се допишува со Роналдо порано, веднаш откако тој раскинал со рускиот модел Ирина Шајк.

Како што открива 25-годишната Родригес, таа му испратила интимно видео за кое сега, секако, се кае.

„Беше еден часот наутро и го направив тоа на шега. Не мислев дека ќе одговори. Но, во шест наутро тој ми испрати порака и работите започнаа оттаму. Гледајќи наназад, би сакала да не се случеше тоа. Кога му испратив видео на кое позирам во долна облека, тој рече дека сака да ме види лично. Кристијано секогаш јасно кажуваше дека му се допаѓа моето тело“, раскажа Натача.

Како што открива атрактивната бринета, таа и Кристијано се запознале во март 2017 година и биле интимни. Тој ја замолил работите да останат во строга тајност, а потоа ја блокирал на социјалните мрежи, не одговарал на нејзините повици и ги прекинал сите контакти со неа.

„Ме повреди начинот на кој ме остави. Откако спиеше со мене, ме блокираше на „Инстаграм“, а тоа се уште боли. Роналдо едноставно ме шутна, а истото би можел да ѝ го направи и на Георгина. Кристијано би бил одличен улов за секого и Георгина мора го „држи на око“ дури и да постои доверба меѓу нив и нивната иднина“, изјави ријалити ѕвездата.

„Ако се среќни заедно, а сигурна сум дека се, тогаш и јас сум среќна за нив. Ако Кристијано ми беше дечко, мислам дека не би му верувала по она што се случи меѓу нас. Среќна сум што бев мал дел од неговиот живот, иако тоа не заврши онака како што можеби сакав“, додаде таа.

Слични објави

„Со Душко можам да се смирам за една минута“: Карлеуша проговори за поранешниот сопруг и за новиот помлад дечко

Е.А.

Неда Украден откри зошто зетот го истетовирал нејзиниот лик

Т.Ц.

(Фото) Му се суди за убиство на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ: Зоран Марјановиќ синоќа претепан во станот

Еспресо

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

„Врската на далечина може да опстане“: Лара Иванова е повторно вљубена

Еспресо

„Кој ти е крив, ти ме избра мене“: Хари Мата Хари знаел за вонбрачниот син од првиот ден

Е.А.
Се вчитува....