25.8 C
Скопје
13:59 - 18 мај, 2024

„СУВ“ ЈАНУАРИ: 10 ефикасни начини да го отфрлите алкохолот барем на еден месец!

Јануари е универзално признат како месец на почетоци, месец на добри намери, па не е чудно што во Обединетото Кралство овој период од годината се користи за да ја предизвикаме нашата способност да се спротивставиме на алкохолот. Дали би можеле да живеете 31 ден без алкохол? Ако се двоумите, прочитајте ги нашите 10 совети како да го направите тоа!

„Сувиот“ јануари е временската рамка во која се предизвикуваме себеси, во обид целосно да го избегнеме консумирањето алкохол.

Студиите спроведени на оваа тема покажаа дека, по еден месец апстиненција од алкохол, помеѓу 60 и 70 отсто од оние кои го поддржуваат предизвикот, добиле поредовен сон и многу повеќе енергија во секојдневните активности, ослабнале 2 до 3 килограми и си ја вратиле концентрацијата и фокусот на работите што ги извршуваат. На крајот на краиштата, сите знаеме дека алкохолот, колку и да е примамлив, не е најдобар пријател на човекот.

Ако сте решени и вие да се ставите на предизвик – сув јануари, ви носиме 10 ефективни совети.

1. За почеток, во првите неколку дена додека почнувате, намалете ја големината на чашата во која ги служите пијалоците. Тоа е првиот чекор за понатаму да преминете полесно од алкохолен во безалскохолен пијалок!

2. Пијте многу вода: За да престанете да пиете, мора да почнете да да пиете многу вода. Освен што заситува, чинот на пиење вода ни помага да го имитираме она што би го направиле со алкохолот, намалувајќи ја нашата потреба да го имаме алкохолот при рака.

3. Побегнете од искушението: ако знаете дека одредени опкружувања, клубови или друштва ја поттикнуваат вашата желба да се опиете, можеби е подобро да се дистанцирате од нив.

4. Понудете си активности кои не вклучуваат алкохол: ако знаете дека вашите пријатели организираат забава на која очекувано е да пиете, може да ја замените со забава, на пример, во кино или прошетка во парк.

5. Недостигот од алкохол надополнете го со смути: ако чинот на пиење станал порок, обидете се да се задоволите со билни чаеви или здрави смути!

6. Вежбајте, применувајте физичка активност и грижете се за вашето тело: посветете се на тренинзи, спортски активности што ги сакате или утринско џогирање. Кога веќе ќе ви „тргне“ со диетата, секогаш кога пред вас ќе има алкохол полесно ќе помислите „зошто да си го уништам трудот поради една вечер со претерување со алкохолот?“

7. Применете го методот на свинче касичка: Секогаш кога сте во искушение да излезете на пијачка, точната сума на пари што би ја потрошиле ставете ја во касичката. На 1-ви февруари ќе се изненадите од заштедената сума!

8. Одлучете се за помош од пријател: ќе се изненадите кога ќе откриете дека остварувањето цел во друштво е многу полесно!

9. Следете ја патеката до поставената цел: запишувајте ги постигнатите цели и поставете си нови цели во тетратка, тоа ќе ве поттикне да стигнете до крајот на „сувиот“ јануари.

10. Последен совет, но не и помалку важен –  фрлете го алкохолот што веќе го имате дома!

Среќно!

 

Слични објави

(Фото) „Овде имало многу пукање“: Никола Роквиќ објави шокантна глетка по патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно во јавност по гласините за развод: Тој со цвеќе во рака, таа насмеана

еспресо

Неделен хороскоп (од 20 до 26 мај): Нова ера за Близнаците, одлични вести за Лавовите, комплициран период за Рибите

еспресо

(Фото) Хурем ги собра сите погледи во Кан: Мерјем Узерли никогаш посекси

еспресо

Астропрогноза за сабота, 18 мај: Лавовите ќе привлекуваат, девиците ќе имаат среќа со парите

еспресо

Среќен викенд: Три хороскопски знаци кои ќе имаат многу среќа од 18 до 19 мај

еспресо
Се вчитува....